Проекција на филмот Спелеонаут – Под каменото небо

Во продолжение се фотографии од неодамнешната проекција на филмовите „Спелеонаут“ и „Слобода под товар“ која се реализираше благодарение на ЕХО Фестивал на планински филм и Музеј на современата уметност Скопје / Museum of Contemporary Art Skopje

Проекцијата се одржа во КИНО МСУ

За Спелеонаут – Во предвечерјето на човековото освојување на Месечината, во летото 1969-та година, 34-годишниот Милутин Вељковиќ, започна со неговиот планиран 15-месечен престој

во 2-километарска пештера во Србија. Вељковиќ не беше заинтересиран само во тоа да го надмине рекордот за најдолг престој во пештера до тогаш, туку воопшто – да навлезе во универзумот на длабочината. Овој неверојатен потфат се открива од надворешниот свет, преку серија портрети од интересни карактери, кои се поврзани со Вељковиќ. И така неочекувано, влегуваме во подземиот свет. Различните раскажани фрагменти од деталниот дневник на Вељковиќ се враќаат во живот: од неговите секојдневни активности, како правење кафе и собирање инсекти, па се’ до драматични моменти како вадење на сопствен заб, размислување за жени, борење со поплави и халуцинации… Од поврзувањето со предците од праисторијата во дезинтегрирани време и простор, се’ до истражувањето на вселената – Спелеонаут е во потрага по нашата цел.

Фото: Јелена Белиќ

#урсусспелеос#ursusspeleos#слатинскиизвор#slatinskiizvor#ехофестивал#speleonaut