Работилница – “Прекуграничен мониторинг на лилјаците во подрачјето на Преспа”

Организатори: Македонско Еколошко Друштво (МЕД/MES и Protection and Preservation of Natural Environment in Albania

На 07.05.2021 претставник на Истражувачкото друштво „Урсус Спелеос“ учествуваше на работилница насловена “Прекуграничен мониторинг на лилјаците во подрачјето на Преспа” во организација на Македонско Еколошко Друштво и Protection and Preservation of Natural Environment in Albania (PPNEA).

Во рамките на работилницата учесниците, преку презентација од страна на д-р Филипе Теу имаа можност да се запознаат со лилјаците, нивната заштита, значење но и притисоци и ризици за нивното исчезнување како и детално да се запознаат со проектот „Проучување на лилјаците во Преспа“.

Исто така, преку интерактивна сесија, сите учесници имаа можност да ги надградат своите знаења за протоколите и методологијата на истражување на лилјаците и нивните живеалишта.

На работилницата учествуваа повеќе од 40 учесници од Македонија, Албанија и Грција, претставници на организации, институции, локални самоуправи итн.

Истражувачкото друштво „Урсус Спелеос“ продолжува континуирано да работи на надградба на капацитетите за заштита на животната средина како и реализација на активности за заштита и проучување на пештерите и живиот свет преку континуирана соработка и поддршка од страна на партнерските организации како што е Македонското Еколошко Друштво.

Проектот „Проучување на лилјаците во Преспа“ е финансиран од страна на: Prespa Ohrid Nature Trust – PONT, EuroNatur, Aage V.Jensen Charity Fondation

#natureprotection#batprotection#macedonianecologicalsociety#ursusspeleos#prespa