Работилница – “Прекуграничен мониторинг на лилјаците во подрачјето на Преспа”

Организатори: Македонско Еколошко Друштво (МЕД/MES и Protection and Preservation of Natural Environment in Albania

На 07.05.2021 претставник на Истражувачкото друштво „Урсус Спелеос“ учествуваше на работилница насловена “Прекуграничен мониторинг на лилјаците во подрачјето на Преспа” во организација на Македонско Еколошко Друштво и Protection and Preservation of Natural Environment in Albania (PPNEA).

Во рамките на работилницата учесниците, преку презентација од страна на д-р Филипе Теу имаа можност да се запознаат со лилјаците, нивната заштита, значење но и притисоци и ризици за нивното исчезнување како и детално да се запознаат со проектот „Проучување на лилјаците во Преспа“.

Исто така, преку интерактивна сесија, сите учесници имаа можност да ги надградат своите знаења за протоколите и методологијата на истражување на лилјаците и нивните живеалишта.

На работилницата учествуваа повеќе од 40 учесници од Македонија, Албанија и Грција, претставници на организации, институции, локални самоуправи итн.

Истражувачкото друштво „Урсус Спелеос“ продолжува континуирано да работи на надградба на капацитетите за заштита на животната средина како и реализација на активности за заштита и проучување на пештерите и живиот свет преку континуирана соработка и поддршка од страна на партнерските организации како што е Македонското Еколошко Друштво.

Проектот „Проучување на лилјаците во Преспа“ е финансиран од страна на: Prespa Ohrid Nature Trust – PONT, EuroNatur, Aage V.Jensen Charity Fondation

#natureprotection#batprotection#macedonianecologicalsociety#ursusspeleos#prespa

Презентација на Споменикот на природа “Слатински Извор” во рамките на вториот вебинар “Биодиверзитетот и геодиверзитетот во заштитените подрачја”

Во рамките на вториот вебинар насловен “Биодиверзитетот и геодиверзитетот во заштитените подрачја”, организиран во соработка меѓу МЕД/MES, Македонско Географско Друштво и Македонско Биолошко Друштво. пред 120 учесници се презентираше и заштитеното подрачје Споменик на природата „Слатински Извор“. Предавањето за геодиверзитет на заштитеното подрачје го спроведе нашиот член д-р Билјана Гичевски, а предавањето за биодиверзитет го реализираше м-р Александар Стојанов од МЕД.

Во рамките на првиот и вториот вебинар, повеќе од 250 учесници имаа можност да се запознаат со дел од заштитените подрачја во Македонија меѓу кои и со Споменикот на природа „Слатински Извор“

#урсусспелеос#slatinskiizvor#ursusspeleos#слатинскиизвор

20 години спелеолошка традиција!

Истражувачкото друштво “Урсус спелеос” – Скопје (ИДУС) е невладина организација формирана во 2001 година. Нејзината основна дејност е спелеологијата како интердисциплинарна наука, како и преземање на активности за грижа, унапредување и одржување на животната средина, поттикнување на иницијативи и активности кои придонесуваат за заштита, одржување и унапредување на животната средина, со посебен акцент на карстните подрачја.

ИДУС е членка на Балканска спелеолошка унија (член на ИДУС е во претседателство на Унијата) a воедно има организирано повеќе спелеолошки табори како за спелеолози од Македонија така и за спелеолози од целиот Балкан.

ИДУС тесно соработува со поголем број на владини и невладини организации, како: Министерство за животна средина и просторно планирање, Природно математички факултет (Институт за биологија, Институт за географија, Институт за хемија), Центар за управување со кризи, ЈПУЗПП “Јасен”, Македонско еколошко друштво, Еколошко друштво “Треска” и др. Со наведените институции ИДУС има остварено повеќе активности, како: објавување на стручни трудови, истражување на спелеолошки објекти, промоција на алтернативен туризам, подготовка и реализација на проекти и сл.

Како резултат на специфичната проблематика со која се занимава ИДУС и квалитетниот експертски тим членовите на ИДУС активно се вклучени во активности поврзани со подготвување на релевантни извештаи и студии поврзани со оцена за влијанието на човекот врз животната средина, оцена за стратешко влијание, анализи на заштитени подрачја, анализи поврзани со спелеологија и слично.

ИДУС, општината Македонски Брод и Министерството за животна средина и просторно планирање, во 2009 година започнаа иницијатива за прогласување на пештерата Слатински извор за Споменик на природа која се наоѓа на тентативната листа за заштита под UNESCO. За таа цел од страна на ИДУС, а на барање на Министерството за животна средина и просторно планирање-сектор природа, изработено е мислење за валоризација на природните вредности на Слатинската област, со потенцирани локации за кои е потребна итна заштита.

По доставувањето на мислењето и барањето за прогласување на пештерата „Слатински Извор“ до Министерството за животна средина и просторно планирање, изработен е предлог Закон за Слатински Извор со предлог управител на заштитеното подрачје од страна на Министерството за животна средина и просторно планирање и е проследен до Владини комисии кои се одговорни за оваа проблематика.

Посебно се гордееме дека оваа наша заедничка иницијатива и долгогодишен труд на ова поле, резултираше со Закон за прогласување на Споменик на природа Слатински Извор (Сл.весник бр.23 / 11).

Истражувачкото друштво „Урсус спелеос“ од Скопје со одлука од страна на Советот на општина Македонски Брод на 31-05-2012 година (одлука бр.07-409/12од 31-05-2012 год.) стана управител на заштитеното подрачје Споменик на природа „Слатински Извор“.

Спелеолози, доктори на науки, спасувачи, водичи, професори, истражувачи, ентузијасти и вљубеници во природата и пештерите.

Македонија на мапата на одбележување на 2021 година, Меѓународната година на карстот и пештерите!

Повеќе од 196 спелеолошки федерации, сојузи, национални паркови, гео паркови, невладини организации и спелеолошки клубови од целиот свет 2021 година ја одбележуваат како година на карстот и пештерите.

Работилници, обуки, изложби, предавања, конференции и многу други настани со цел подигнување на свеста за заштита на карстот и пештерите.

Летната онлајн спелеолошка школа во Македонија организирана од страна на Истражувачкото друштво „Урсус спелеос“ е вметната во рамките на настаните за одбележување на оваа година, а ИД „Урсус спелеос“ како организација партнер.

Повеќе информации на: http://iyck2021.org/

#ursusspeleos#exploringmacedonia#speleology#speleoschool#slatinskiizvor#yearofkarst2021#летнаспелеошкола#урсусспелеос#слатинскиизвор

Презентација на Споменикот на природа “Слатински Извор”

Во рамките на вебинарот “Биодиверзитетот и геодиверзитетот во заштитените подрачја”, организиран во соработка меѓу Македонско еколошко друштво, Македонско географско друштво и Македонско биолошко друштво се презентираше и заштитеното подрачје Споменик на природата Слатински Извор. Предавањето за геодиверзитет на заштитеното подрачје го спроведе нашиот член д-р Билјана Гичевски, а предавањето за биодиверзитет го реализираше м-р Александар Стојанов од МЕД

#урсусспелеос#slatinskiizvor#ursusspeleos#слатинскиизвор