За Нас

Истражувачкото друштво “Урсус спелеос” – Скопје (ИДУС) е невладина организација формирана во 2001 година. Нејзината основна дејност е спелеологијата како интердисциплинарна наука, како и преземање на активности за грижа, унапредување и одржување на животната средина, поттикнување на иницијативи и активности кои придонесуваат за заштита, одржување и унапредување на животната средина, со посебен акцент на карстните подрачја.

Научни истражувања

Скицирање на пештери, трасирање, подготвување на релевантни извештаи и студии поврзани со оцена за влијанието на човекот врз животната средина, оцена за стратешко влијание, анализи на заштитени подрачја, анализи поврзани со спелеологија и слично.

Подигнување на свест и градење на капацитети

Организирање на работилници за деца и младинци, обуки за водичи во пештери, обуки за спелеоспасители, активности за надградба на капацитети на институции и организации и др.

Заштита на природата

Подготовка и реализација на проекти и активности за заштита на животната средина, заштита на пештерите со заштитни врати согласно EUROBAT стандарди и др.

image
image
image
image

Партнери и поддржувачи на ИДУС

image
image

Најнови активности

Одбележување на Недела на лилјакот, 24 до 31.10.2022

По повод одбележувањето на Неделата на лилјакот, која се одбележува во период од 24 до 31.10.2022 година, спелеолозите од Истражувачкото друштво „Урсус Спелеос“ заедно со студентите биолози од Истражувачко друштво на студенти биолози на 30.10.2022 година реализираа теренска активност посета на Блажева пештера каде што беше направен мониторинг на лилјаци со bat detector.

Повеќе фотографии на: https://www.facebook.com/UrsusSpeleos/posts/10166901757380074

Повеќе за неделата како и за материјали поврзани со лилјаците, можете да најдете на – https://batweek.org/take-action/

#BatWeek#урсусспелеос#идсб

Учество на студиска посета во Словенија во период од 07 до 11.10.2022

Нашите членови/волонтери д-р Билјана Гичевски, доктор по карстолошки науки и Александар Стојаноски, апсолвент на географија, насока ГИС, учествуваа на студиската посета на Словенија, каде што имаа можност да посетат заштитени подрачја, организации и институции од областа на животната средина.

Целта на студиската посета беше да се разменат искуства, да се воспостави соработка, како и да се стекнат знаења за добри практики од областа на:
– Истражување, скицирање, мониторинг и заштита на пештерски екосистеми
– Воспоставување на систем на еколошка едукација за заштита на пештерски екосистеми и адаптација кон климатските промени
– Спасување на планина, спасување во пештери, работа со спасителни кучиња
– Адаптација кон климатските промени, превенција и дејствување при шумски пожари
– Проектно и програмско работење и управување на посетените организации/институции.

Проектот „Заштита на пештерските екосистеми и загрозените растителни и животински видови во Националниот парк Галичица од негативните ефекти на климатските промени“ е поддржан од Prespa Ohrid Nature Trust – PONT

Зајакнување на соработката помеѓу Македонија и Србија

Во текот на денешниот ден беше одржан неформален состанок и потпишување на Меморандум за соработка помеѓу Истражувачкото друштво Урсус Спелеос и Планинарско спелеолошки клуб ДВИГ од Владичин Хан, Србија и воедно се дискутираше на зајакнување на соработката на полето на научните истражувања, спелеологијата, меѓуграничната соработка, активности од областа на животната средина, размена на искуства, обуки, проектно работење итн.

Активно работиме на регионален пристап во активностите за унапредување на животната средина!