Гостување на Сител ТВ

Во текот на минатата недела повторно гостувавме кај нашиот пријател и поддржувач Marjan Nikov од Sitel Tv и ги промовиравме проекните активности на ИД Урсус спелеос, Споменикот на природата Слатински Извор како и активностите кои ги имаме заедно со нашите проектни партнери!

Членот на Истражувачкото друштво „Урсус спелеос“ Aleksandar Stojanoski го промовираше проектот „Воспоставување на ефикасен механизам за одговор на пожари во Споменик на природата Слатински Извор“ поддржан од Eko-svest и WWF Adria

Како втор гостин, Dimitar Tanurovski, проектен координатор во рамки на проектот „Развој на едукативни ресурси за заштита на пештерите и лилјаците во Националниот парк Галичица” поддржан од Prespa Ohrid Nature Trust – PONT и CEPF Mediterranean Basin Hotspot Program ги презентираше постигнатите резултати во рамките на проектот како и планираните понатамошни активности заедно со Црвен крст Охрид, Eco – Logic и National Park Galicica

Учество на Обука за јакнење на капацитетите на заинтересираните страни за Концептот на екосистемски услуги – Модул 2

Нашиот член Дарио Стојановски во периодот 27 до 28.04.2022 година, учествуваше на Модулот 2 од Обуката за јакнење на капацитетите на заинтересираните страни за Концептот на екосистемски услуги кој се одржа во хотел Бистра во Маврово а беше организирана од страна на Фармахем Скопје во рамки на Програмата за зачувување на природата во Македонија – излезна фаза.

За време на работилницата, од страна на домашни и меѓународни предавачи, учесниците имаа можност да се запознаат со проценката и картирањето на екосистемските услуги, примери од регионот, MAES а воедно ја посетија и пештерата Шаркова Дупка во рамки на Националниот парк Маврово.

Министерство за животна средина / Ministria e Mjedisit Jetësor

#фармахем#екосистемскиуслуги#македонскоеколошкодруштво#урсусспелеос#слатинскиизвор#мжспп#животнасредина

Почетна работилница со засегнати страни

Во текот на денешниот ден се реализираше почента (воведна) работилница за засегнати страни во рамки на активностите за Воспоставување на ефикасен механизам за одговор на пожари во Споменик на природата „Слатински Извор“. Овие активности се во рамките на проектот Заштитени подрачја за природата и луѓето, имплементиран од WWF Adria со поддршка на СИДА, Шведската агенција за развој и соработка.

На работилницата се реализираа следните презентации:

1. д-р Билјана Гичевски (ИД Урсус спелеос): Споменик на природата „Слатински Извор“

2. Александар Стојаноски (ИД Урсус спелеос): Проект Воспоставување на ефикасен механизам за одговор на пожари во Споменик на природата „Слатински Извор“

3. Ана Чоловиќ Лешоска (WWF Adria/Еко Свест): Проект Заштитени подрачја за природата и луѓето II 2019 – 2022 година

На почетната работилница учествуваа вкупно 21 учесник од следните институции и организации:

– Општина Македонски Брод

– Центар за управување со кризи

– Дирекција за заштита и спасување

– Министерство за внатрешни работи

– Територијална противпожарна единица Македонски Брод

– СОУ „Св.Наум Охридски“

– Државен инспекторат за животна средина

– Истражувачко друштво „Урсус спелеос“

– Еко Свест

– Еколошко Друштво Треска – Македонски Брод

Учесниците имаа можнсот да се запознаат со Споменикот на природата Слатински Извор, неговото значење и вредност а воедно и да се запознаат со какви активности ќе следат за заштита и превенција од шумски пожари. За време на дискусијата, учесниците имаа можност да споделат искуства и да предложат дополнителни активности меѓу кои и вклучување на останатите заштитени подрачја во споделување на искуства во справување со шумски пожари.

Eko-svestEkolosko Drustvo “Treska” – Makedonski Brod/ EД „Треска“ – Македонски БродЦентар за управување со кризиДирекција за заштита и спасување – Drejtoria për mbrojtje dhe shpëtimОпштина Македонски БродМинистерство за внатрешни работи / Мinistria e Punëve të BrendshmeДржавен инспекторат за животна средина / Inspektorati Shtetëror i Mjedisit

Следете не наскоро за нови активности!!!

#ursusspeleos#slatinskiizvor#wwfadria#ekosvest#nature#урсусспелеос#слатинскиизвор#пожари#превенција