Ноќ на лилјаците

Во текот на денешниот ден, Истражувачкото друштво „Урсус спелеос“, Споменикот на природа „Слатински Извор“ и Македонското Еколошко Друштво организираа работилница за запознавање со лилјаците во Македонија.

Работилницата беше организирана по повод 2021 година – Меѓународната года за заштита на карстот и пештерите како и 27 Август, Меѓународна ноќ на лилјаците, а беше спроведена од страна на Александар Стојанов, предавач од Македонското Еколошко Друштво.

За време на работилницата, учесниците имаа можност да се запознаат со лилјаците, екологијата, со што се хранат, каде живеат, нивната распространетост, какви видови има во Македонија (со фокус на СП „Слатински Извор“) но и ризиците и заканите по нив.

#урсусспелеос#слатинскиизвор#yearofkarst#bat#batnight#македонскоеколошкодруштво

МЕД/MES

Работилница бр.8 од летната спелео школа, м-р Билјана Гаревска, Природо научен музеј на Македонија “Спелео палеонтологија”

На ден 12.08.2021 година со почеток од 17 часот, учесниците на летната спелеолошка школа имаа можност да се запознаат со палеонтологијата и спелео палеонтологијата благодарение на м-р Билјана Гаревска, од Природо научен Музеј на Македонија

На работилницата учествуваа 12 учесници кои се дел од летната спелео школа.

Голема благодарност до м-р Билјана Гаревска за одвоеното време и поддршка за летната спелео школа!

Наредната и последна работилница од летната спелео школа, Биоспелеологија – проф.др Славчо Христовски од Институтот за биологија при ПМФ, ќе се одржи на 19.08.2021 со почеток од 17ч.

Ве очекуваме сите!!!

#ursusspeleos#exploringmacedonia#speleology#speleoschool#slatinskiizvor#yearofkarst2021#летнаспелеошкола#урсусспелеос#слатинскиизвор

Празнична акција!

Членовите на Истражувачкото друштво „Урсус спелеос“ по повод 2 Август, Денот на Републиката, реализираа истражувачка акција во пештерата Христијанова во близина на селото Јаболце, Скопско.

Активноста послужи за обнова на фотографската и видео документација од пештерата како и за мониторинг на лилјаци.

*Aктивноста се реализира согласно препораките и протоколите на Владата на РСМ за превенција од КОВИД19 како и предлог интерни протоколи за посета на пештери и пропасти во време на КОВИД19 (Интерни предлог препораки на ИД „Урсус спелеос“)

#ursusspeleos#урсусспелеос#спелеологија#naturemk#hristijanovapeshtera

Летна спелеолошка школа 2021 – клучни показатели

Истражувачкото друштво „Урсус спелеос“ од Скопје и Споменикот на природа „Слатински Извор“, во рамките на годишните програми, во периодот од Јули до Август 2021 година организираа прва онлајн летна спелеолошка школа наменета за членовите на ИДУС, невладини организации и останати институции кои што работат на полето на заштитата на животната средина, пештери, карст итн.

Во период од јули до август 2021 за учество на летната спелеолошка школа се пријавија 37 учесници од:

1. Истражувачко друштво „Урсус спелеос“ – 15 лица

2. Спелеонуркачки клуб Врело – 1 лице

3. Истражувачко друштво на студенти биолози – 6 лица

4. Истражувачко здружение на студенти географи „Природник“ – 1 лице

5. НУ Археолошки музеј на Република Северна Македонија – 1 лице

6. Општина Ресен, Сектор за животна средина – 1 лице

7. Институт за географи при ПМФ Скопје – 1 лице

8. Општина Вевчани, ПЕД Закамен – 1 лице

9. Алпинистички Клуб “Матка” – 1 лице

10. Еколошко друштво „Треска“ – Македонски Брод – 7 лица

11. Маврово 365 – 2 лица

9те тематски работилници беа реализирани од страна на 12 предавачи од Македонија, Словенија, Србија и Хрватска:

1. Работилница број 1: Основи на спелеологијата и карстот во РСМ (д-р Билјана Гичевски, ИД Урсус Спелеос)

2. Работилница број 2:

– Законска регулатива за заштита на спелеолошките објекти во РСМ (Владо Атанасовски – Министерство за заштита на животна средина и просторно планирање на РСМ)

– Позитивни практики за заштита на природата, Споменик на природа Слатински Извор (Рате Савев, Еколошко Друштво „Треска“ Македонски Брод)

3. Работилница број 3: Спелеолошка опрема и спелеолошки техники (Ales Strazar, Drustvo za raziskovanje jam – Simon Robic, Domzale, Slovenia)

4. Работилница број 4:

– Безбедност, ризици и движење во пештери (Marko Rakovac, Komisija za speleologiju Hrvatskog planinarskog saveza, Hrvatska)

– Спелео фотографија и снимање (Tomaz Grdin, Jamarski klub Novo Mesto, Slovenia)

5. Работилница број 5: Скицирање на пештери и пропасти (Nemanja Milosavljevic – Planinarsko Speleoloshki klub Dvig, Srbija)

6. Работилница број 6: Прва помош на терен (Антонио Додевски, Планинска Спасителна Служба при Црвен крст Охрид)

7. Работилница број 7: Спелео нуркање (Гоце Димитриевски, Игор Петрушевски, Спелеонуркачки клуб Врело)

8. Работилница број 8: Спелео палеонтологија (м-р Билјана Гаревска, Природо научен Музеј на Македонија)

9. Работилница број 9: Биоспелеологија (проф.д-р Славчо Христовски, Прирордно математички факултет Скопје, Институт за Биологија)

Летната онлајн спелеолошка школа се организираше во рамките на одбележувањето на 2021 година – Меѓународна година на заштитна на карстот и пештерите!

Голема благодарност до сите учесници и предавачи, финалниот дел и теренската посета на пештерата Шпела Бозгуни како и доделувањето на сертификатите дополнително ќе го најавиме!

#ursusspeleos#exploringmacedonia#speleology#speleoschool#slatinskiizvor#yearofkarst2021#летнаспелеошкола#урсусспелеос#слатинскииз

Крај на теоретскиот дел на првата летна онлајн спелеолошка школа

На ден 19.08.2021 година го имавме последното предавање од летната спелеолошка школа насловено „Биоспелеологија“, благодарение на нашиот пријател проф. д-р Славчо Христовски од Институтот за биологија при ПМФ.

Преку оваа работилница за Биоспелеологија, 14 учесници на летната спелеолошка школа имаа можност да се запознаат со живиот свет во пештерите, екологијата на пештерските животни, загрозените видови а воедно се дискутираше како спелеолозите може да помогнат на биолозите во истражување и заштита на пештерските екосистеми и биодиверзитет.

Голема благодарност до проф.д-р Славчо Христовски за вклучување и поддршка на летната спелеолошка школа!

Наскоро Ве очекуваме сите на терен!

#ursusspeleos#exploringmacedonia#speleology#speleoschool#slatinskiizvor#yearofkarst2021#летнаспелеошкола#урсусспелеос#слатинскиизвор

Летна спелеолошка школа – Работилницa бр.7

На ден 05.08,2021 година ја спроведовме седмата од планираните 9 работилници од летната спелеолошка школа

Работилницата беше насловена:

  • Спелео нуркање – Игор Петрушевски и Гоце Димитриевски од Спелео нуркачки клуб Врело од Скопје

На работилницata учествуваа вкупнo 10 учесници.

За време на работилницата реализирана од страна на нашите пријатели од СНК Врело, учесниците имаа можност да се запознаат со основите на спелео нуркањето, техничката подготовка, каква опрема се користи а воедно можеа да се запознаат и со резултатите од истражувањата на СНК Врело во изворот Коритиште како и странски експедиции.

Од дискусиите и разменувањето на идеи и искуства, произлегоа неколку идеи пред се за соработка во делот на биологијата и подводните истражувања, поточно вклучување на млади истражувачи биолози во активностите на СНК Врело со цел унапредување на науката во Македонија.

Голема благодарност до Игор и Гоце за вклучување и поддршка во реализација на летната спелеолошка школа.

Оваа работилница ја посветивме на за жал препрано починатиот претседател на СНК Врело и наш пријател, Киро Ангелески кој посебно се радуваше и промовираше меѓуклубска соработка за унапредување на спелеологијата!

Наредната работилница во рамките на летната спелеолошка школа ќе биде „Спелео палеонтологија“ (м-р Билјана Гаревска, Природо научен музеј на Македонија). Истата ќе се одржи на 12.08.2021 година со почеток од 17 часот.