Што да правите доколку не можете да се евакуирате?
Поместете ги сите запаливи материјали подалеку од вашиот дом
Затворете ги сите прозорци и врати за да спречите пожарот и чадот да навлезат во внатрешните простории, затворете/заштитете ги прозорите со подебела иверка
Вклучете светло во секоја соба од вашата куќа, на тремот, и во дворот. Ова ќе го направи вашиот дом видлив доколку е потребно ваша евакуација од страна на спасувачите
Останете смирени и не паничете!
Наполнете мијалници, кади и кофи со вода. Овие можат да бидат важна дополнителна резерва на вода
Доколку имате, затворете ги доводите за плин
Отстранете ги завесите
Бидете внимателни, доколку има чад, ставете заштита преку вашата уста и нос за да не го вдишете
Известете ги надлежните лица за вашата локација со цел да се организира спасувачка акција
Доколку е потребно, укажете прва помош!
Повеќе за шумските пожари и нивните ефекти, можете да прочитате на:
Активноста е реализирана во рамките на проектот Заштитени подрачја за природата и луѓето, имплементиран од WWF Adria со поддршка на СИДА, Шведската агенција за развој и соработка
Содржината и ставовите изразени тука се на авторите и не ги отсликуваат ставовите на СИДА

Потпишан договор за 3-годишна поддршка за реализација на проектот „Заштита на пештерските екосистеми и загрозените растителни и животински видови во Националниот парк Галичица од негативните ефекти на климатските промени“
Во текот на денешниот ден (15.08.2022 година), Црвен крст Охрид, по успешно завршување на проектот „Развој на едукативни ресурси за заштита на пештерите и лилјаците во Националниот парк Галичица, поддржан од PONT/CEPF“, потпиша договор со Prespa Ohrid Nature Trust – PONT за нова, 3-годишна финансиска поддршка за реализација на нов проект, поточно, проектот со наслов „Заштита на пештерските екосистеми и загрозените растителни и животински видови во Националниот парк Галичица од негативните ефекти на климатските промени“.
Проектот ќе се реализира во периодот од 2022 до 2024 година и на истиот носител (координатор) на активностите ќе биде Црвен крст Охрид, партнер ќе биде Истражувачкото друштво „Урсус спелеос“, а корисник на проектните резултати, покрај проектниот тим, ќе биде и Националниот парк Галичица, како и млади лица кои гравитираат кон заштитеното подрачје.
Главна цел на проектот ќе биде зајакнување на капацитетите на Националниот парк Галичица и подигнување на свеста на на локалното население за адаптација кон климатските промени и заштита на загрозените растителни и животински видови и пештерски екосистеми. Истото ќе се постигне преку:
Научни истражувања на пештерите Самотска Дупка и Лескоечка пештера и инвентаризација на сите пештери во Националниот парк Галичица
Подготовка на видео материјали, флаери и научни публикации за промоција на подземните карстни форми во Националниот парк Галичица
Научни истражувања за загрозениот биодиверзитет во Националниот парк Галичица, подготовка на флаери, видео материјали и научни публикации (опремување на лабораторија во Националниот парк Галичица)
Подготовка на мерки за заштита на загрозениот биодиверзитет во Националниот парк Галичица
Студиска посета за проектниот тим и претставници од Националниот парк Галичица на заштитеното подрачје Шкоцјанске Јаме во Словенија за размена на искуства и позитивни практики
Подготовка на едукативен модул и интерактивна (board) игра наменета за деца од основно училиште за промоција и заштита на пештерските екосистеми и загрозените растителни и животински видови во Национален парк Галичица
Подготовка на едукативен модул и интерактивна (board) игра намената за деца од основно училиште за адаптација кон влијанијата на климатските промени и влијанието врз пештерските екосистеми и загрозените растителни и животински видови во Национален парк Галичица
Подготовка на видео материјали за превенција од влијанието на климатските промени и влијанието врз пештерските екосистеми и загрозените растителни и животински видови во Националниот парк Галичица за намалување на ризици од природни катастрофи предизвикани од климатските промени
Подготовка и опремување на 3 едукативни катчиња за едукација за заштита на животната средина, во Националниот парк Галичица (Централна зграда и канцеларија Стење) и Црвен крст Охрид (Велестово)
Формирање на едуактивна мрежа преку реализација на консултативен процес, работилници, состаноци и тренинг за едукатори (претставници од мрежата) за реализација на едукативните модули подготвени во рамките на проектот
Реализација на 50 едукативни еднодневни работилници со деца од основно училиште
Реализација на тематски еднодневни екскурзии во едукативните катчиња и Националниот парк Галичица
Реализација на тродневен тренинг за прва помош и спасување во случај на шумски пожари во Национален парк Галичица
Реализација на тродневен тренинг за гаснење на шумски пожари во Национален парк Галичица
Набавка на опрема за гаснење на шумски пожари и опремување на простор и за складирање и одржување на истата
Подготовка на план за подготвеност за шумски пожари и тестирање преку реализација на симулациска вежба со сите засегнати страни
Реализација на почетна и финална работилница, мониторинг состаноци и административни активности
Проектните активности ќе бидат реализирани во партнерство со Истражувачкото друштво „Урсус спелеос“ преку кое се продолжува успешната приказна и соработка помеѓу двете здруженија.
Во случај да забележите шумски пожар веднаш известете ја локалната Територијална противпожарна единица на бројот 193 или 112 (Центар за управување со кризи)
Следно, облечете се правилно за да спречите изгореници. Носете долги панталони и памучни или волнени кошули или јакни со долги ракави.
Ракавиците обезбедуваат дополнителна заштита.
Не носете кошули со кратки ракави
Фотографијата е од сопствената база на ИД Урсус спелеос
Повеќе за шумските пожари и нивните ефекти, можете да прочитате на:
Активноста е реализирана во рамките на проектот Заштитени подрачја за природата и луѓето, имплементиран од WWF Adria со поддршка на СИДА, Шведската агенција за развој и соработка
Содржината и ставовите изразени тука се на авторите и не ги отсликуваат ставовите на СИДА
Како да го подготвиме нашиот дом за шумски пожари?
Направете безбедна зона околу вашата куќа
Исечете/уредете ги гранките што надвиснуваат над покривот или оџакот.
Редовно отстранувајте ги листовите од олуците.
Користете материјали за покриви кои се отпорни на оган.
Обезбедете соодветен пристап за противпожарни возила и набавете основни материјали за гаснење на пожар (лопата, противпожарна метла, црево за вода итн.)
Повеќе за шумските пожари и нивните ефекти, можете да прочитате на:
Активноста е реализирана во рамките на проектот Заштитени подрачја за природата и луѓето, имплементиран од WWF Adria со поддршка на СИДА, Шведската агенција за развој и соработка
Содржината и ставовите изразени тука се на авторите и не ги отсликуваат ставовите на СИДА
Активноста е реализирана во рамките на проектот Заштитени подрачја за природата и луѓето, имплементиран од WWF Adria со поддршка на СИДА, Шведската агенција за развој и соработка
Содржината и ставовите изразени тука се на авторите и не ги отсликуваат ставовите на СИДА
Во текот на месец мај 2022 година, во рамки на проектот за „Развој на едукативни ресурси за заштита на пештерите и лилјаците во Националниот парк Галичица“, поддржан од PONT/CEPF, се подготви и реализираше едукативна кампања за промоција и заштита на пештерите и лилјаците во Националниот парк Галичица. Кампањата се состоеште од 23 објави и опфати вкупно 18186 лица на социјалните медиуми.
За време на кампањата која се реализираше на социјалните медиуми, јавноста можеше да се запознае со општите податоци за спелеологијата, пештерските украси, значењето на пештерите и лилјаците, специфични пештери во Националниот парк Галичица (Самотска Дупка, Колкоа дупка итн), специфични лилјаци кои што живеат во пештерите во Националниот парк Галичица (голем потковичар, медитерански потковичар итн.) а водно можеше да се запознае и со начинот како може да се посети пештера и каква опрема е потребна.
Онлајн кампањата е во рамките на проектот „Развој на едукативни ресурси за заштита на пештерите и лилјаците во Националниот парк Галичица“, поддржан од PONT/CEPF
Активноста е реализирана во рамките на проектот Заштитени подрачја за природата и луѓето, имплементиран од WWF Adria со поддршка на СИДА, Шведската агенција за развој и соработка
Содржината и ставовите изразени тука се на авторите и не ги отсликуваат ставовите на СИДА
Временските услови можат директно да придонесат за појава на шумски пожари преку удари на гром или индиректно преку континуирано топли периоди, топлотни бранови и суши
Гром удира на земјата над 100.000 пати на ден. 10 до 20% од овие удари на гром може да предизвикаат пожар
Повеќе за шумските пожари и нивните ефекти, можете да прочитате на:
Активноста е реализирана во рамките на проектот Заштитени подрачја за природата и луѓето, имплементиран од WWF Adria со поддршка на СИДА, Шведската агенција за развој и соработка
Содржината и ставовите изразени тука се на авторите и не ги отсликуваат ставовите на СИДА
На 25.06.2022 година, во организација на Црвен крст Охрид, Истражувачкото друштво Урсус спелеос и Планинската спасителна служба при Црвен крст Охрид, беше реализирана теренска посета на пештерата Самотска Дупка. Посетата беше наменета за претставници од партнерските организации, обучените едукатори во рамките на проектот, како и избор на деца на возраст од основно училиште.
Со помош на теренски возила се пристигна до пештерата Самотска Дупка, а едукативната посета ја реализираа стручни лица од областа на спелеологијата, при што учесниците се запознаа со вредноста и значењето на пештерата и биодиверзитетот во неа. Едукативната посета беше искористена и за посета на други значајни локации во Националниот парк од областа на биолошката разновидност.
По завршување на посетата, беше организирана проекција на 2 филма поврзани со пештерите, „Спеленаут“ и Сонот за Арио – Потрагата по најдлабоката пештера во Европа, во соработка со Ехо Филмски фестивал. Настанот се реализираше во Оперативниот центар на Планинската спасителна служба при Црвен крст Охрид (Ohrid red cross – Mountain Rescue Service)
Во активностите учествуваа 35 учесници. Сите активности беа спроведени со поддршка од Националниот парк Галичица.