Дали знаете дека? (Објава бр.3)

Дали знаете дека?

За жал, 90% од сите шумски пожари се подметнати од луѓе

Во македонскиот Кривичен законик, во главата за кривичните дела против животната средина и природата, во членот 227 пропишано е и кривичното дело „Предизвикување шумски пожар“.

Повеќе за законските одредби и затворските казни за предизвикување на шумски пожар, можете да прочитате тука: https://jorm.gov.mk/…/%D0%B7%D0%B0%D0%BA%D0%BE%D0%BD%D0… – страна број 88

Фотографијата е од сопствената дата база на ИД Урсус спелеос и е фотографирана за време на шумски пожар во заштитеното подрачје Споменик на природата Слатински Извор.

Повеќе за шумските пожари и нивните ефекти, можете да прочитате на:

http://www.mkdsumi.com.mk/zasumite.php?page=3&s=8

https://www.dzs.gov.mk/fire

https://doma.edu.mk/…/pricini-za-sumski-pozari-i…/

http://www.unfccc.org.mk/…/Forestry_final_MK%20so%20CIP…

Активноста е реализирана во рамките на проектот Заштитени подрачја за природата и луѓето, имплементиран од WWF Adria со поддршка на СИДА, Шведската агенција за развој и соработка

Содржината и ставовите изразени тука се на авторите и не ги отсликуваат ставовите на СИДА

Eko-svestWWF Adria

#ursusspeleos#slatinskiizvor#wwfadria#ekosvest#nature#урсусспелеос#слатинскиизвор#пожари#превенција

Дали знаете дека? (Објава бр.2)

Дали знаете дека?

Нашата држава ја карактеризираат два вида на пожари: шумски – карактеристични за летниот период и урбани пожари – во населените места кои се јавуваат како резултат на стара или неисправна електрична инсталација или несоодветно управување со лесно запаливи материјали

Фотографијата е од сопствената дата база на ИД Урсус спелеос и е фотографирана за време на шумски пожар во заштитеното подрачје Споменик на природата Слатински Извор.

Повеќе за шумските пожари и нивните ефекти, можете да прочитате на:

http://www.mkdsumi.com.mk/zasumite.php?page=3&s=8

https://doma.edu.mk/…/pricini-za-sumski-pozari-i…/

https://www.dzs.gov.mk/fire

http://www.unfccc.org.mk/…/Forestry_final_MK%20so%20CIP…

Активноста е реализирана во рамките на проектот Заштитени подрачја за природата и луѓето, имплементиран од WWF Adria со поддршка на СИДА, Шведската агенција за развој и соработка

Содржината и ставовите изразени тука се на авторите и не ги отсликуваат ставовите на Sida

Eko-svestWWF Adria

#ursusspeleos#slatinskiizvor#wwfadria#ekosvest#nature#урсусспелеос#слатинскиизвор#пожари#превенциј

Дали знаете дека? (Објава бр.1)

Онлајн кампања „Подигнување на свест за превенција и заштита од шумски пожари“

Истражувачкото друштво „Урсус спелеос“ и заштитеното подрачје Споменик на природата „Слатински Извор“ во месеците јули и август 2022 година, ќе реализираат едукативна онлајн кампања на социјалните мрежи со цел подигнување на свеста за превенција и заштита од шумските пожари.

Во рамки на објавите на социјалните медиуми, јавноста ќе има можност да се запознае со факти за шумските пожари, начини на превенција, како да се подготвиме за можна појава на шумски пожари и како да реагираме во случај на шумски пожари.

Активноста ќе се реализира во соработка со граѓани, учесниците на тренинзите во рамките на проектот како и институциите и засегнатите страни од Општина Македонски Брод

WWF AdriaEko-svest

Активноста е реализирана во рамките на проектот Заштитени подрачја за природата и луѓето, имплементиран од WWF Adria со поддршка на СИДА, Шведската агенција за развој и соработка

Содржината и ставовите изразени тука се на авторите и не ги отсликуваат ставовите на Sida

#ursusspeleos#slatinskiizvor#wwfadria#ekosvest#nature#урсусспелеос#слатинскиизвор#пожари#превенција

Денес се одбележува 22 Април – Светскиот ден на планетата Земја

Како мало одбележување на овој ден, би сакале со Вас да споделиме неколку фотографии од Споменик на природата „Слатински Извор“, кој е на Привремената листа на заштита на УНЕСКО, се наоѓа во близина на с.Слатина, Општина Македонски Брод, освен по тоа што пештерата Слатински Извор е најдолгата пештера во Македонија (3942м) има и многу други природни убавини кои вреди да се заштитат!

Да инвестираме во нашата планета и во нашата природата, да дејствуваме храбро, иновативно и да реализираме активности кои ќе имаат позитивно влијание врз нашата околија. Ваквиот начин на дејствување ќе овозможи сите да бидат вклучени, како во планирањето и преземањето акции, така и во одговорноста.

Бизнисите, владите и граѓаните – секој одговара и секој е одговорен за зачувувањето на планетата, сопственото и здравјето на идните генерации.

Повеќе за Споменик на природата „Слатински Извор“ можете да дознаете тука https://ursusspeleos.org.mk/spomenik-na-priroda…/

Да ја зачуваме планетата Земја, немаме втор дом!

#earthday#денназемјата#ursusspeleos#slatinskiizvor#урсусспелеос#слатинскиизвор

22 Април – Денот на планетата Земја

Пештерските екосистеми не се имуни на промените што се случуваат, на притисоците и проблемите кои луѓето ги предизвикуваат и и наштетуваат на животната средина.

  • Стоп за фрлање на отпад во пештерите и пропастите
  • Стоп за уништување на пештерските украси и вознемирување на пештерската фауна
  • Стоп за неконтролираните посети на пештерите
  • Стоп за потпишување и цртање на графити во пештерите
  • Стоп за нелегални ископи (природата е богатството!)
  • Стоп за уништувањето на живеалиштата на ретките и загрозени видови кои што живеат во нив

Време е да се освестиме, да ја обновиме нашата планета Земја додека има време!

Повеќе информации можете да најдете на: https://www.facebook.com/EarthDayNetwork/

#RestoreOurEarth#EarthDayLive2021#ursusspeleos#урсусспелеос#slatinskiizvor#слатинскиизвор

Голем потковичар (Rhinolophus ferrumequinum)

Голем потковичар (Rhinolophus ferrumequinum) – најголемиот претставник од лилјаците потковичари со распон на крилата до 40cm. Се засолнува во пештери и други подземни места. Категоризиран е како близу загрозен вид (NT) според европската црвена листа.

Овој вид на лилјак може да се најде и во пештерите во Споменикот на природа „Слатински Извор“.

Како резултат на човековото влијание (сечење на шумите, исушување на водните површини, прекумерната употреба на инсектициди, вознемирување на колониите на лилјаците) денес сѐ повеќе се уништуваат природните живеалишта на лилјаците и се намалува бројноста на нивните популации. Зошто треба да не загрижува намалувањето на популациите на лилјаци? Сите лилјаци кои живеат во Македонија се исхрануваат со инсекти. Тие се на еден начин природни регулатори на инсектите. Да не се тие би имало премногу комарци и други штетни инсекти околу нас. Наспроти верувањата на повеќето луѓе, лилјаците не се опасни за човекот и не напаѓаат.

https://mes.org.mk/blog/liljatsite-na-makedonija/ – повеќе за лилјаците можете да прочитате тука

фотографија: Александар Стојанов МЕД/MES

#cavefauna#caving#bats#speleology#ursusspeleos#slatinskizivor#liljaci#peshteri#makedonskoekoloskodrustvo#zivotnasredina#biodiverzitet#biodiversity

17 април – меѓународниот ден на лилјаците

Во рамките на Меѓународната година на пештерите и карстот, но и по повод одбележување на 17 април, меѓународниот ден на лилјаците, ви го споделуваме видеото за пештерската фауна во Споменик на природа “Слатински Извор” подготвено заедно со експертите за пештерска фауна Марјан Комненов и Александар Стојанов

Видео продукција: Александар Стојаноски, ИД Урсус Спелеос

Проект „Заштита и промоција на ендемското пештерско ракче и глобално загрозениот лилјак мал потковичар во пештерите во СП „Слатински Извор“ – финансиран од ГЕФ ПМГ и ИД „Урсус спелеос“

#slatinskiizvor#ursusspeleos#урсусспелеос#cavefauna#пештерскафауна#natureprotection#gefpmg

Денес го одбележуваме 22 март, Меѓународниот ден на водата

Климатските промени но и загадувањето и притисокот врз изворите на вода предизвикано од човекот, во иднина ќе предизвикаат сериозен проблем и дефицит на чиста вода за пиење.

Нашиот главен град Скопје се снабдува со вода за пиење од карстен извор (Рашче) a и други поголеми градови во државата се водоснабдуваат од карстни извори.

Во групата на карстни извори е и Слатински Извор. Тој претставува влез за истоимената пештера која е најдолга пештера во Македонија,

Пештерата Слатински Извор е прогласена за Споменик на природа и се наоѓа на Привремената листа за заштита на УНЕСКО.

#WorldWaterDay#iyck2021#karst#caves#ursusspeleoes#slatinskiizvor#univerzitetgocedelchev#biljanagichevski#igoraleksov

‘Goce Delcev’ University – Stip (Универзитет „Гоце Делчев“ – Штип)

Пештерското ракче – Alpioniscus slatinensis

Пештерското ракче, Alpioniscus slatinensis, е опишано од пештерите во Слатина. Тоа претставува локален ендемски вид за фауната на Македонија и единствено може да се најде во пештерите во Поречкиот Басен.

Во текот на својата долготрајна еволуција, прилагодувајќи се на живот во пештерите во потполн мрак и многу висока и постојана влажност на воздухот, овој вид потполно ги изгубил очите и пигментот.

Како резултат на тоа развил други сетила со чија помош можел да опстане во специфичните пештерски услови, но не и надвор од пештерите. Затоа претставува типичен троглобионт.

Пештерското ракче, како и сите останати прави пештерски животни (троглобионти) многу се осетливи и на најмали промени во нивната животна средина, но и на промените надвор од пештерите (во прв ред климатските промени).

Затоа и најмала промена може негативно да се одрази на нивната популација и на нивниот опстанок.

Поради тоа пештерските животни, а со самото тоа и пештерското ракче (Alpioniscus slatinensis) се сметаат за загрозени животни и се нагласува потребата од нивна заштита.

#slatinskiizvor#naturemk#natureprotection#biodiversity#alpioniscusslatinensis#exploringmacedonia