Ноќ на лилјаците

Во текот на денешниот ден, Истражувачкото друштво „Урсус спелеос“, Споменикот на природа „Слатински Извор“ и Македонското Еколошко Друштво организираа работилница за запознавање со лилјаците во Македонија.

Работилницата беше организирана по повод 2021 година – Меѓународната года за заштита на карстот и пештерите како и 27 Август, Меѓународна ноќ на лилјаците, а беше спроведена од страна на Александар Стојанов, предавач од Македонското Еколошко Друштво.

За време на работилницата, учесниците имаа можност да се запознаат со лилјаците, екологијата, со што се хранат, каде живеат, нивната распространетост, какви видови има во Македонија (со фокус на СП „Слатински Извор“) но и ризиците и заканите по нив.

#урсусспелеос#слатинскиизвор#yearofkarst#bat#batnight#македонскоеколошкодруштво

МЕД/MES

Настан за млади активисти организиран од Британска Амбасада

Претставник на Истражувачкото друштво „Урсус спелеос“ во текот на денешниот ден, зема учество на настан за млади активисти организиран од страна на Амбасадорката на Велика Британија во Македонија, Рејчел Галовеј.

Настанот се одржа во резиденцијата на Амбасадорката и имаше за цел размена на мислења, идеи како и дискусии за адаптацијата кон климатските промени, заштитата на природата како и младинскиот активизам на ова поле.

#TogetherForOurPlanet#Cop26#ClimateAction#ClimateAmbition#Youth4Climate

Ден 3 од Регионалната конференција “Климатски промени и зелена економија”

Во текот на денешниот последен ден од Регионалната конференција “Климатски промени и зелена економија”, која се одржа online на 22, 23 и 24 јуни 2021 г. од 10:00-14:00 часот на платформата ZOOM, се спроведоа презентации и дискусии на темата одржливи форми на туризам, климатски промени и циркуларна економија а воедно се споделија одлични примери од Македонија.

Настанот е организиран од страна на Еко Свест се организира во рамки на проектот „GEAR – Green Economy for Advanced Region“ кој има за цел зголемување на активностите и влијанието на граѓанските организации од Северна Македонија, Црна Гора, Србија, БиХ и Албанија во заштитата на животната средина преку вмрежување, зајакнување на нивните капацитети и промовирање на зелена економија.

Проектот е финансиран од Европската унија во рамки на Програмата за поддршка на граѓанско општество и медиуми зa 2016-2017.

Ден 2 од Регионалната конференција “Климатски промени и зелена економија”

Во текот на денешниот ден на Регионалната конференција “Климатски промени и зелена економија”, која ќе се одржи online на 22, 23 и 24 јуни 2021 г. од 10:00-14:00 часот на платформата ZOOM се спроведоа презентации и дискусии на темата отпад, климатски промени и циркуларна економија а воедно се споделија пример од Македонија како и од регионот.

Настанот е организиран од страна на Еко Свест се организира во рамки на проектот „GEAR – Green Economy for Advanced Region“ кој има за цел зголемување на активностите и влијанието на граѓанските организации од Северна Македонија, Црна Гора, Србија, БиХ и Албанија во заштитата на животната средина преку вмрежување, зајакнување на нивните капацитети и промовирање на зелена економија.

Проектот е финансиран од Европската унија во рамки на Програмата за поддршка на граѓанско општество и медиуми зa 2016-2017.

Учество на Регионална конференција „Климатски промени и зелена економија“

Започнувајќи од денес (22.06.2021 година) па се до 24.06.2021 година, претставник на Истражувачкото друштво „Урсус спелеос“ ќе учествува на Регионалната конференција “Климатски промени и зелена економија”, која ќе се одржи online на 22, 23 и 24 јуни 2021 г. од 10:00-14:00 часот на платформата ZOOM.

Темите ќе конференцијата се:

22 јуни – Земјоделство, климатски промени и зелена економија

23-јуни – Отпад, климатски промени и циркуларна економија

24 јуни – Одржлив туризам, климатски промени и зелена економија

Настанот организиран од страна на Еко Свест се организира во рамки на проектот „GEAR – Green Economy for Advanced Region“ кој има за цел зголемување на активностите и влијанието на граѓанските организации од Северна Македонија, Црна Гора, Србија, БиХ и Албанија во заштитата на животната средина преку вмрежување, зајакнување на нивните капацитети и промовирање на зелена економија.

Проектот е финансиран од Европската унија во рамки на Програмата за поддршка на граѓанско општество и медиуми зa 2016-2017.

Обука „Развој базиран на ниско-јаглеродни емисии и Зелениот договор на ЕУ“

Претставник на Истражувачкото друштво „Урсус спелеос“ на покана на Здружението за одржлив развој „Милиеуконтакт Македонија, на 11.06.2021 година учествуваше на онлајн обука насловена „Развој базиран на ниско-јаглеродни емисии и Зелениот договор на ЕУ “

Оваа обука е дел од планот за обуки за транспарентни климатски политики и акции, подготвен во рамките на CBIT проектот “Зајакнување на институционалните и технички капацитети за подобрување на транспарентноста за климатски промени во рамките на Договорот од Париз (CBIT проект)” на Министерството за животна средина и просторно планирање (МЖСПП), кој се спроведува во соработката со Програмата за развој на Обединетите нации (UNDP) и Глобалниот фонд за животна средина (GEF).Цел на обуката беше да обезбеди информации за претставниците на министерствата и локалните самоуправи за тоа што претставува развој базиран на ниско-јаглеродни емисии, како и да се обезбеди информации за Зелениот договор на ЕУ и Зелената агенда за Западен Балкан.

На обуката учествуваа над 55 учесници од локалните самоуправи во Македонија, МАНУ, Центрите за развој, Машински факултет, CeProSARD, Истражувачко друштво „Урсус спелеос“, УНДП/МТСП, Институт за јавно здравје на РСМ, Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, Министерство за локална самоуправа, Министерство за одбрана, МЖСПП, Милиеуконтакт Македонија, Дирекција за Заштита и Спасување, МЗШВ, Министерство за Транспорт и Врски, Универзитет на Југоисточна Европа – Тетово како и многу други организации и институции.

Работилница – “Прекуграничен мониторинг на лилјаците во подрачјето на Преспа”

Организатори: Македонско Еколошко Друштво (МЕД/MES и Protection and Preservation of Natural Environment in Albania

На 07.05.2021 претставник на Истражувачкото друштво „Урсус Спелеос“ учествуваше на работилница насловена “Прекуграничен мониторинг на лилјаците во подрачјето на Преспа” во организација на Македонско Еколошко Друштво и Protection and Preservation of Natural Environment in Albania (PPNEA).

Во рамките на работилницата учесниците, преку презентација од страна на д-р Филипе Теу имаа можност да се запознаат со лилјаците, нивната заштита, значење но и притисоци и ризици за нивното исчезнување како и детално да се запознаат со проектот „Проучување на лилјаците во Преспа“.

Исто така, преку интерактивна сесија, сите учесници имаа можност да ги надградат своите знаења за протоколите и методологијата на истражување на лилјаците и нивните живеалишта.

На работилницата учествуваа повеќе од 40 учесници од Македонија, Албанија и Грција, претставници на организации, институции, локални самоуправи итн.

Истражувачкото друштво „Урсус Спелеос“ продолжува континуирано да работи на надградба на капацитетите за заштита на животната средина како и реализација на активности за заштита и проучување на пештерите и живиот свет преку континуирана соработка и поддршка од страна на партнерските организации како што е Македонското Еколошко Друштво.

Проектот „Проучување на лилјаците во Преспа“ е финансиран од страна на: Prespa Ohrid Nature Trust – PONT, EuroNatur, Aage V.Jensen Charity Fondation

#natureprotection#batprotection#macedonianecologicalsociety#ursusspeleos#prespa

Презентација на Споменикот на природа “Слатински Извор” во рамките на вториот вебинар “Биодиверзитетот и геодиверзитетот во заштитените подрачја”

Во рамките на вториот вебинар насловен “Биодиверзитетот и геодиверзитетот во заштитените подрачја”, организиран во соработка меѓу МЕД/MES, Македонско Географско Друштво и Македонско Биолошко Друштво. пред 120 учесници се презентираше и заштитеното подрачје Споменик на природата „Слатински Извор“. Предавањето за геодиверзитет на заштитеното подрачје го спроведе нашиот член д-р Билјана Гичевски, а предавањето за биодиверзитет го реализираше м-р Александар Стојанов од МЕД.

Во рамките на првиот и вториот вебинар, повеќе од 250 учесници имаа можност да се запознаат со дел од заштитените подрачја во Македонија меѓу кои и со Споменикот на природа „Слатински Извор“

#урсусспелеос#slatinskiizvor#ursusspeleos#слатинскиизвор

Презентација на Споменикот на природа “Слатински Извор”

Во рамките на вебинарот “Биодиверзитетот и геодиверзитетот во заштитените подрачја”, организиран во соработка меѓу Македонско еколошко друштво, Македонско географско друштво и Македонско биолошко друштво се презентираше и заштитеното подрачје Споменик на природата Слатински Извор. Предавањето за геодиверзитет на заштитеното подрачје го спроведе нашиот член д-р Билјана Гичевски, а предавањето за биодиверзитет го реализираше м-р Александар Стојанов од МЕД

#урсусспелеос#slatinskiizvor#ursusspeleos#слатинскиизвор

Онлајн предавање за карстот во Словенија – Матеј Блатник (Matej Blatnik)

Centre for Ecology, Evolution and Environmental Changes – cE3c по повод 2021 година, меѓународната година на пештерите и карстот, организира серијал на вебинар насловен „The cave show“ со цел подигнување на свеста за заштита и промоција на карстот, споделување на информации, истражувања итн.

Денес нашите членови имаа можност да се запознаат со историјата на истражувањето на карстот во Словенија, истражувања, значајни пештери и пропасти но и општи податоци за карстот и карстните појави.

Предавач беше Матеј Блатник (Matej Blatnik) од Karst Research Institute ZRC SAZU од Постојна, Словенија.

Снимка од предавањето можете да проследите на следниот линк: https://www.youtube.com/watch?v=aUqZ_F9N7QA

#2021yearofkarst#ursusspeleos#elearning#webinar#thecaveshow#slovenia#karst