Проекција на филмот Спелеонаут – Под каменото небо

Во продолжение се фотографии од неодамнешната проекција на филмовите „Спелеонаут“ и „Слобода под товар“ која се реализираше благодарение на ЕХО Фестивал на планински филм и Музеј на современата уметност Скопје / Museum of Contemporary Art Skopje

Проекцијата се одржа во КИНО МСУ

За Спелеонаут – Во предвечерјето на човековото освојување на Месечината, во летото 1969-та година, 34-годишниот Милутин Вељковиќ, започна со неговиот планиран 15-месечен престој

во 2-километарска пештера во Србија. Вељковиќ не беше заинтересиран само во тоа да го надмине рекордот за најдолг престој во пештера до тогаш, туку воопшто – да навлезе во универзумот на длабочината. Овој неверојатен потфат се открива од надворешниот свет, преку серија портрети од интересни карактери, кои се поврзани со Вељковиќ. И така неочекувано, влегуваме во подземиот свет. Различните раскажани фрагменти од деталниот дневник на Вељковиќ се враќаат во живот: од неговите секојдневни активности, како правење кафе и собирање инсекти, па се’ до драматични моменти како вадење на сопствен заб, размислување за жени, борење со поплави и халуцинации… Од поврзувањето со предците од праисторијата во дезинтегрирани време и простор, се’ до истражувањето на вселената – Спелеонаут е во потрага по нашата цел.

Фото: Јелена Белиќ

#урсусспелеос#ursusspeleos#слатинскиизвор#slatinskiizvor#ехофестивал#speleonaut

Книга: Тајните на македонските пештери

Книгата „Тајните на македонските пештери“ е прва книга на македонски јазик што ги објаснува одликите на пештерите на ниво адаптирано на младите читатели!

Автор на оваа книга е нашиот член д-р Билјана Гичевски, доктор по карстолошки науки.

Во првиот дел е дадено објаснување како се формираат пештери и пештерски украси како и потребната опрема за нивно истражување.

Во вториот дел се опфатени седум позначајни македонски пештери. За секоја пештера се изнесени спелеолошки информации, факти за пештерската фауна и легенда поврзана за пештерата.

Третиот дел од книгата е забавен дел во кој преку интересни активности читателот стекнува трајни знаења за подземните карстни форми.

Благодарност до проф.д-р Славчо Христовски, д-р Марјан Комненов, м-р Александар Стојанов, Гоце Димитриевски и членовите на ИД Урсус спелеос.

#урсусспелеос#слатинскиизвор#пештери#лилјаци

Празнична акција!

Членовите на Истражувачкото друштво „Урсус спелеос“ по повод 2 Август, Денот на Републиката, реализираа истражувачка акција во пештерата Христијанова во близина на селото Јаболце, Скопско.

Активноста послужи за обнова на фотографската и видео документација од пештерата како и за мониторинг на лилјаци.

*Aктивноста се реализира согласно препораките и протоколите на Владата на РСМ за превенција од КОВИД19 како и предлог интерни протоколи за посета на пештери и пропасти во време на КОВИД19 (Интерни предлог препораки на ИД „Урсус спелеос“)

#ursusspeleos#урсусспелеос#спелеологија#naturemk#hristijanovapeshtera

Мониторинг на лилјаци во Лескоечка пештера

Истражувачкото друштво „Урсус спелеос“ во текот на денешниот и утрешниот ден е во поддршка на Македонско Еколошко Друштво во спроведување на мониторинг на лилјаци во Преспанскиот регион.

Активностите се дел од проектот Преспа: Зачувување на биодиверзитетот на прекугранична „Преспа“, финансиран од страна на: Prespa Ohrid Nature Trust – PONT

МЕД/MES

#natureprotection#batprotection#macedonianecologicalsociety#ursusspeleos#prespa

Пештера Ѓоновица (Убавица) – видео на портал Дома

Да ги запознаеме и заштитиме пештерите, природните архиви

Пештерата Ѓоновица (Убавица) според Колчаковски Д. (1993), е категоризирана како природна реткост согласно локацијата, должината, морфологијата на пештерските канали, хидрографските особености, пештериски украси, рецентна фауна и палеонтолошки наоди.

Пештерата е прогласена за Споменик на природа а воедно е идентификувана од страна на Министерството за животна средина и просторно планирање како идно НАТУРА 2000 подрачје.

Ова видео е избрано дело од конкурсот за учество на јавноста во активностите на Дома како дел од кампањата „Разбистри сè!“– кампања за застапување и лобирање.

Автор: Aleksandar Stojanoski

Истражувачки тим: Беркер Самет, Илија Пренџов, Димитар Тануровски, Александар Алексовски, Иван Киселоски

#Дома#ДобредојдовтеДома#ИКС#ПоврзиГиТочките#ursusspeleos#урсусспелеос

Настан за млади активисти организиран од Британска Амбасада

Претставник на Истражувачкото друштво „Урсус спелеос“ во текот на денешниот ден, зема учество на настан за млади активисти организиран од страна на Амбасадорката на Велика Британија во Македонија, Рејчел Галовеј.

Настанот се одржа во резиденцијата на Амбасадорката и имаше за цел размена на мислења, идеи како и дискусии за адаптацијата кон климатските промени, заштитата на природата како и младинскиот активизам на ова поле.

#TogetherForOurPlanet#Cop26#ClimateAction#ClimateAmbition#Youth4Climate

Draft recommendations for cave visits/tours during COVID19

According to the development of the situation related to the pandemic caused by the COVID19 virus, following the world trends in speleology as well as the situation in our country, the Exploring Society “Ursus Speleos” in consultation with speleologists and experts from our country and abroad, prepared draft recommendations for internal use for a one-day visit/tour of caves and pits in time of COVID19 in order to preserve individual and collective health.

Given that more than 20% of the world’s population has been infected or has been in contact with a COVID19 positive person, the chances of coming into contact are significantly increased as well as the potential danger of transmitting the virus especially in closed areas such as caves and pits.

Предлог Препораки за еднодневна посета на пештери и пропасти во време на КОВИД19

Согласно развојот на ситуацијата поврзана со пандемијата предизвикана од вирусот КОВИД19, следејќи ги светските трендови во спелеологијата како и ситуацијата во нашата држава, Истражувачкото друштво „Урсус спелеос“ во консултација со спелеолози и стручни лица од нашата држава но и од странство, подготви предлог препораки за интерна употреба за еднодневна посета на пештери и пропасти во време на КОВИД19 со цел запазување и зачувување на индивидуалното и колективното здравје.

Имајќи во предвид дека повеќе од 20% од светската популација била инфицирана или била во контакт со КОВИД19 позитивно лице, значително се зголемуваат шансите да дојдеме во контакт како и потенцијалната опасност за пренесување на вирусот особено во затворени простории како што се пештерите и пропастите.

Препораките можете да ги разгледате на следниот линк:

Работилница – “Прекуграничен мониторинг на лилјаците во подрачјето на Преспа”

Организатори: Македонско Еколошко Друштво (МЕД/MES и Protection and Preservation of Natural Environment in Albania

На 07.05.2021 претставник на Истражувачкото друштво „Урсус Спелеос“ учествуваше на работилница насловена “Прекуграничен мониторинг на лилјаците во подрачјето на Преспа” во организација на Македонско Еколошко Друштво и Protection and Preservation of Natural Environment in Albania (PPNEA).

Во рамките на работилницата учесниците, преку презентација од страна на д-р Филипе Теу имаа можност да се запознаат со лилјаците, нивната заштита, значење но и притисоци и ризици за нивното исчезнување како и детално да се запознаат со проектот „Проучување на лилјаците во Преспа“.

Исто така, преку интерактивна сесија, сите учесници имаа можност да ги надградат своите знаења за протоколите и методологијата на истражување на лилјаците и нивните живеалишта.

На работилницата учествуваа повеќе од 40 учесници од Македонија, Албанија и Грција, претставници на организации, институции, локални самоуправи итн.

Истражувачкото друштво „Урсус Спелеос“ продолжува континуирано да работи на надградба на капацитетите за заштита на животната средина како и реализација на активности за заштита и проучување на пештерите и живиот свет преку континуирана соработка и поддршка од страна на партнерските организации како што е Македонското Еколошко Друштво.

Проектот „Проучување на лилјаците во Преспа“ е финансиран од страна на: Prespa Ohrid Nature Trust – PONT, EuroNatur, Aage V.Jensen Charity Fondation

#natureprotection#batprotection#macedonianecologicalsociety#ursusspeleos#prespa

20 години спелеолошка традиција!

Истражувачкото друштво “Урсус спелеос” – Скопје (ИДУС) е невладина организација формирана во 2001 година. Нејзината основна дејност е спелеологијата како интердисциплинарна наука, како и преземање на активности за грижа, унапредување и одржување на животната средина, поттикнување на иницијативи и активности кои придонесуваат за заштита, одржување и унапредување на животната средина, со посебен акцент на карстните подрачја.

ИДУС е членка на Балканска спелеолошка унија (член на ИДУС е во претседателство на Унијата) a воедно има организирано повеќе спелеолошки табори како за спелеолози од Македонија така и за спелеолози од целиот Балкан.

ИДУС тесно соработува со поголем број на владини и невладини организации, како: Министерство за животна средина и просторно планирање, Природно математички факултет (Институт за биологија, Институт за географија, Институт за хемија), Центар за управување со кризи, ЈПУЗПП “Јасен”, Македонско еколошко друштво, Еколошко друштво “Треска” и др. Со наведените институции ИДУС има остварено повеќе активности, како: објавување на стручни трудови, истражување на спелеолошки објекти, промоција на алтернативен туризам, подготовка и реализација на проекти и сл.

Како резултат на специфичната проблематика со која се занимава ИДУС и квалитетниот експертски тим членовите на ИДУС активно се вклучени во активности поврзани со подготвување на релевантни извештаи и студии поврзани со оцена за влијанието на човекот врз животната средина, оцена за стратешко влијание, анализи на заштитени подрачја, анализи поврзани со спелеологија и слично.

ИДУС, општината Македонски Брод и Министерството за животна средина и просторно планирање, во 2009 година започнаа иницијатива за прогласување на пештерата Слатински извор за Споменик на природа која се наоѓа на тентативната листа за заштита под UNESCO. За таа цел од страна на ИДУС, а на барање на Министерството за животна средина и просторно планирање-сектор природа, изработено е мислење за валоризација на природните вредности на Слатинската област, со потенцирани локации за кои е потребна итна заштита.

По доставувањето на мислењето и барањето за прогласување на пештерата „Слатински Извор“ до Министерството за животна средина и просторно планирање, изработен е предлог Закон за Слатински Извор со предлог управител на заштитеното подрачје од страна на Министерството за животна средина и просторно планирање и е проследен до Владини комисии кои се одговорни за оваа проблематика.

Посебно се гордееме дека оваа наша заедничка иницијатива и долгогодишен труд на ова поле, резултираше со Закон за прогласување на Споменик на природа Слатински Извор (Сл.весник бр.23 / 11).

Истражувачкото друштво „Урсус спелеос“ од Скопје со одлука од страна на Советот на општина Македонски Брод на 31-05-2012 година (одлука бр.07-409/12од 31-05-2012 год.) стана управител на заштитеното подрачје Споменик на природа „Слатински Извор“.

Спелеолози, доктори на науки, спасувачи, водичи, професори, истражувачи, ентузијасти и вљубеници во природата и пештерите.